Дерматолошко-естетска ординација Вивидерм се занимава со лекување на болести на кожата, општи дерматолошки и венеролошки прегледи, дермоскопија, миколошко испитување, отстранување на кожни промени со радиобран и криотерапија како и склерозација на површни мали крвни садови, алерго тестови.

Во ординацијата се работи и на естетски корекции како што се мезотерапија, микродермоабразија, хемиски пилинзи, аплицирање филери и ботокс, козметички третмани и третмани со плазма богата со тромбоцити. 

Во дерматолошко-естетска ординација Вивидерм работи медицински персонал, д-р Вангел Битољану и д-р Вероника Давчева Битољану, со долгогодишно професионално искуство во дермато-венерологијата, подготвени во пресрет на потребите на пациентот со стручен совет, преглед и медицинско лекување.

Дерматолошко-естетска ординација e лоцирана во Скопје, спроти црквата Св.Јован, на ул. Васил Ѓоргов бр.34 лок.4 вл.3.