Отстранување на целулит (мезотерапија)

Мезотерапија преставува аплицирање на одредени супстанци во кожата со инјекциона техника, коктели против целулит, затегање на кожата и против опаѓање на косата. Овој третман е погоден за подмладување на кожата, за забавување на процесот на стареење и за третирање на брчки.

Ботокс отстранување на брчки и стопирање на потење

Ботокс е една од најбараните методи во светот. Ботокс е најдобар нехирушки метод против брчките во областа на челото, околу очите и меѓу веѓите. Ботоксот се препорачува и за намалување и стопирање на прекумерното потење. Првите промени после овој третман се забележуваат по 72 часа.

Филери за пополнување на брчки уста

Дермалните филери го надополнуваат загубениот обем, ги пополнуваат брчките и го враќаат сјајот на кожата. Филерите се нехирушки третман и преку вбризгување во кожата се пополнуваат брчките, го зголемуваат волуменот на усните и ги ремоделираат контурите на лицето.

Хемиски пилинг

Хемискиот пилинг е медицински третман со што се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се постигнува измазнување на тенките и средно длабоките брчки, се избледуваат хиперпигментациите, се третираат лузни и акни како и други оштетувања на кожата. Хемискиот пилинг преку ексфолијација на клетки и стимулација на создавање на колаген и еластин го подобрува изгледот на кожата и нејзината структура. Тој е ефективен при решавање на кожни проблеми како што се лузни, акни, брчки и оштетувања на кожата предизвикани од сонцето. Пилингот како третман може да биде суперфицијален (површински), средно длабок и длабок пилинг, во зависност од типот на хемиската супстанција која се користи, нејзината концентрација, времето на дејствување и секако проблемот за кој е наменет. Пилингот трае 30-45 минути и него го изведува обучен специјалист дерматолог. Регенерацијата на кожата трае од 2-3 дена кај суперфицијалниот и до 5-7 дена кај средно длабокиот пилинг.

Дермален ролер

Третманите со дермален ролер се една од најновите методи во областа на мезотерапијата. Овие третмани се омислени за брзо и ефикасно подмладување и регенерирање на кожата по природен пат, овозможувајќи намалување на брчки, стрии, лузни, како и затегање и подмладување на кожата.

ПРП метода Плазма рич плателетс (Platelet Rich Plasma)

Третмани со плазма, богата со тромбоцитили е позната метода како ПРП. Се одвива по пат на вадење крв од вена, а потоа се центрифугира и со инјекциона терапија (мезотерапија) се внесува под кожата. Со тромбоцитите се внесуваат и матични клетки, фактори на раст и сето тоа влијае да се стимулираат фибробластите да продуцираат природен колаген и хијалурон. ПРП се препорачува за исправување/корегирање на лузни создадени од акни. ПРП исто така успешно се користи за подмладување на лицето, вратот, рацете, областа околу колената, внатрешниот дел од бутовите како и стомакот. Со оваа револуционерна метода кожата станува мазна, еластична и цврста, а брчките исчезнуваат. ПРП се препорачува и за луѓе кои страдаат од губење на косата. ПРП (Platelet Rich Plasma) е една од најпопуларните природни методи за ревитализација, затегнување и корекција на кожата од телото, како и за борба против стрии и брчки, но се почесто се применува и на скалпот за потикнување на растот на косата.

Козметички третман

Во Вивидерм се работат и голем број на козметички третмани, како и класично чистење на лицето и аплицирање на маски и креми од најдобрите фанцуски и германски компании.