You are currently viewing Што е дермохирургија?

Што е дермохирургија?

Дермохирургија е третман на кожа, нокти и коса кои имаат медицински неопходни и естетски состојби со употреба на разни хируршки методи. Исто така е позната и како дерматохирургија.

Сите дерматолози поседуваат основна обука за дермохирургија. Некои дерматолози стекнуваат дополнителни обуки во напредни дермохируршки процедури.

Дермохирургијата е неопходна за отстранување рак на кожата и други сомнителни кожни промени, како на пример:

  • Меланоми
  • Сквамозни карциноми
  • Базоцелуларни карциноми
  • Ретки кожни тумори

Микрографичката хирургија по Mohs се користи за отстранување на кожен рак на лицето, особено ако рабовите не се јасни или промената се повторува.

Дермохирургија исто така се користи за отстранување на бенигни израстоци кои предизвикуваат асиметрија или естетски нарушувања, како што се големи бемки или себороични кератози.

Козметички дермохируршки процедури се на пример:

  • Дермабразија
  • Хирургија на очни капаци
  • Третмани на лузни
  • Пресадување на коса
  • Липосукција
  • Сукциона киретажа против потење

Дермохирурзите исто така применуваат и не-хируршки козметички техники, како што се :

  • Ласерско обновување на кожата, отстранување тетоважи, епилација и третмани за проширени крвни садови
  • Пополнување на меките ткива (филери или импланти)
  • Хемиски пилинзи
  • ПРП третмани на плазма збогатена со тромбоцити
  • Склеротерапија

Во најголем број од случаите, дермохирургијата се изведува со локална анестезија во посебна просторија од ординацијата.