You are currently viewing Зошто да се отстрануваат атеромите?

Зошто да се отстрануваат атеромите?

Атеромите или епидермалните цисти се бенигни кожни промени кои настануваат поради запушени канали од лојните жлезди, како и поради оток на фоликулите од влакната.

Првото нешто што се забележува е безболна грутка под површината на кожата, а најчести регии каде се појавуваат атероми се главата, вратот, грбот, градите, гениталиите итн. Атеромот може да мирува и по неколку години. Повремено, од цистата може да се цеди бел секрет или лој (сличен на паста), но ова не е трајно решение на проблемот.

Многу често атеромот може да се воспали, поради што местото станува црвено, болно и отечено. Во случај на воспаление, пациентот може да чувствува болка, оток и пулсирање на место од атеромот. Воспалението понекогаш може да се реши само по себе, но почесто преминува во гнојна инфекција, која потоа мора да се решава само хируршки.

Ако атеромот почне да расте, тоа значи дека е вистинско време да се отстрани како би се избегнала повреда или воспаление, што би значело посложен третман.

Ако се сомневате дека имате атером, не треба да чекате да се воспали или инфицира, туку треба веднаш да закажете преглед од страна на искусен специјалист дермато-хирург. Операција е единствениот начин да се отстрани атеромот во целост – што значи цистата и нејзината содржина заедно со обвивката. Со цел да се постигнат долготрајни резултати, се советува комплетно отстранување на лојната жлезда заедно со капсулата.

Зошто да се отстрануваат атеромите

Постојат неколку причини зошто пациентите доаѓаат во специјалистичката ординација по дерматовенерологија Вивидерм за отстранување на епидермалните цисти:

  • естетски
  • практични (ако атеромот е на место каде постојано пречи)
  • ако забележат дека ненадејно расте
  • физичка повреда на атеромот или
  • инфекција