You are currently viewing Вивидерм дерматохирургија – остранување голем липом (пред и потоа)

Вивидерм дерматохирургија – остранување голем липом (пред и потоа)

Липоми се грутки под кожата кои се појавуваат поради прекумерно намножени поткожни масни клетки.

Приближно 1% од населението има барем еден липом и истите вообичаено се појавуваат на возраст помеѓу 40 и 60 години.

Ризик фактори за појава на липоми се:

  • наследни
  • повреда
  • гојазност
  • висок холестерол
  • дијабет
  • болести на црниот дроб
  • гликозна интолеранција

Липомите се сметаат за бенигни тумори, но како и да е, ако предизвикуваат болка, компликации или ако го нарушуваат изгледот на пациентите треба да се отстранат.

Липомите може да појават секаде кај што се присутни поткожни масни клетки, но воглавном се појавуваат на вратот, градите, грбот, бедрата и пазувите. На допир, липомите се меки, овални и лесно подвижни под кожата ако се притиснат. Вообичаено растат бавно во период од неколку месеци или години и достигнуваат големина од околу 2-3 центиметри во дијаметар. Понекогаш, некои пациенти развиваат липоми со големина над 10 центиметри.

Кога да се јавите кај специјалист дерматовенеролог / дерматохирург?

Ако липомот:

  • ненадејно почнува брзо да расте
  • почне да боли
  • стане топол или црвен
  • стане тврд или неподвижен
  • предизвикува видливи промени на кожата

Кога треба да се отстрани липомот?

Ако липомот:

  • стане малиген
  • е голем или многу брзо се зголемува
  • предизвикува болка
  • пречи во нормалното секојдневие
  • предизвикува непријатен изглед
  • специјалистот не може со сигурност да потврди дали е липом или друг вид на тумор