You are currently viewing Вивидерм одговара на Вашите прашања

Вивидерм одговара на Вашите прашања

Shto e poprirodmo i podolgotrajno hijalironski fileri ili botox . Blagodaram

  • Подолготрајни се филерите и даваат поприроден изглед иако, ако ботоксот се аплицира во одредена количина исто така дава природен изглед.

Sto moze da se napravi vo slucaj koga nokt na prst na raka koga raste se deli na pola i ima bela bela toj del, dali e predvidena terapija vo vakov slucaj i dali moze da stanyva zbor za bakteriska infekcija?

  • Треба да се прегледа ноктот и ако има знаци на бактериска или габична инфекција веднаш да се земе соодветен брис за докажување и да се спроведе терапија.

Hiperpigmentacija dali e opasna

  • Хиперпигментацијата не е опасна, но треба да се прегледа, зошто некогаш може одредени хиперпигментации, се викаат лентиго и атипично да се менуваат.

Dali e vo red da se koristi sekojdnevno la roshe micropeeling gel za mikroeksfolijacija poradi problem so folikulitis na grb,gradi i butovi koj so sekojdnevno koristenje go stava vo kontrola i sekako veke ja izbeluva nastanatata hiperpigmentacija od veke postoeckite pistuli ,ili e dovolno 3 pati nedelno da ne dojde do narusuvanje na nornalniot sloj na kozata ?

  • Може и секојдневно да се користи микропилинг гел од LaRoche-Posay, тој прави благ пилинг на кожата, а кај Вас очигледно многу помага и со него не користите локална терапија.

Pocituvani! Od kako pocnav so maskite na moeto lice pod ocite i vo predelot okolu nosot pocna kozata da mi stanuva gruba potocno kako da se peruta kako lisai,Ve molam za Vas predlog krema?Vi blagodaram odnapred!

  • Треба да дојдете да Ве прегледаме и да ги видиме лишаите за да знаеме дали се од маските, а истовремено и кои маски ги користите и да Ви пишам што да нанесувате.

Zdravo, Jas sakam da prasam vo vrska so botoks na celo. Imam problem so vpecatliva brcka pomegju vegjite. Kontaktot go dobiv od mojot kozmeticar Dragica Vuikj od salon Bela-Kavadarci. Me interesira kolku e cenata ,ako treba bi Vi pratila i slika. Odnapred Vi blagodaram. Pozdrav,E.”

  • Здраво Е., аплицираме ботокс во таа регија, чини 80 евра но подобро е ако ставаме ботокс да видиме колкава е брчката и дали истовремено се прават брчки на челото и надворешно од очите, за да се стави секаде каде што треба и во колкава доза за да сеопфатно се реши проблемот, и да се запази рамнотежата меѓу мускулите во тој дел на лицето.

Sinot ima seboroicen dermatit na liceto , okolu nosot, tretiran e so cremasensibio Ar nautro, crema reconazol navecer, b complex, megutoa nema rezultati, ponekogas crveniloto e poizrazeno, nekogas e pobledo.Dali e povrzano so ishranat ne mozam da primetam koj e pricinitelot.Ve molam za sovet. Vi blagodsram odnapred.

  • Најдобро е да го прегледаме за да процениме колку сѐ уште има знаци на болеста за да одредиме дали упорно да се продолжи со истата терапија или да ја смениме.

Почитувани, Долг период имам проблем во пределот на нозете и препоните, од депилации и бричеви имам црвени точки кои што веќе се и флеки и ги имам 3-4 години, познато е како strawberry skin, дали има конкретен лек за тоа или пак може да се среди со епилација? Поздрав,

  • Таквиот тип на кожа се јавува од посилни влакна и од чести третмани за нивно вадење иако некогаш и самите влакнени фоликули се такви. Нашиот совет е да се направи трајна ласерска епилација со која ќе се елиминираат влакната како причинител на овој проблем.

Дали е можна трајна ласерска епилација на цело тело при постоечка дијагноза Црвен дермографизам, односно Neurodermatitis?

  • Neurodermatitis не е контаиндикација за правење на трајна ласерска епилација на телото, доколку во моментот не е присутна. Значи треба да е излечена кожата, да е во добра состојба за да може да се направи епилацијата. Ако е активен neurodermatitis-от, не може да се прави трајна ласерска епилација.

Добарден Имав проблематично лице “акни”, користев милион нешта.. отидов на дерматолог пиев Миноцин 3 месеци сега пиам Спиронолактон пошто имав и хормонални проблеми, и користам некои лекови против акни, више 7-8 месеци. Но сега више ми е смирено лицето само што ми останеа флеки од акни. Но уште терам со терапиа .. Прашањето за вас ми е;! 1 Дали ми препорачувате некој третман, пошто од многу терапиа понекогаш имам и иритациа на лице? 2 И совет од ваша страна што можам да правам,фокусирање на мојот проблем? Благодарам од напред позз.:)”

  • Најдобро е да дојдете во нашата ординација за убаво да ни раскажете што сѐ сте спровеле, локална и терапија преку уста, како и што сега точно пиете и нанесувате надворешно. Инаку, имаме третмани кои може да ги правите, а ќе Ви препорачаме и соодветни креми со кои ќе Ви се смири кожата на лицето.

Здраво. Јас сум Е. и имам 23 години. Од мала возраст имам проблем со сува кожа и испукани усни. Во тоа време, кожните лекари ми препишувале масти и креми кои содржат кортикостероиди. Воедно на прстите на рацете ми излегуваат меурчиња исполнети со течност кои силно чешаат, и од кога ќе испукаат се мачкам со маст. Во одност на усните секогаш ми пукале само аглите, но моите родители по совети од кожни лекари тука во Гостивар, ме мачкале со кортико масти. Усните ми се значително истенчени, најверојатно од подолго изложување на такви масти. Пред неколку дена, на усните ми излегоа исти такви меурчиња со течност. Ве молам за помош и совет бидејќи е премногу исцрпувачко. Ви благодарам однапред и голем поздрав!

  • Треба да дојдете да Ве прегледаме и целата Ваша историја да ја поминеме, а најважно да видиме како изгледаат промените, да Ви препишеме соодветна терапија, а потоа да направиме план како да се негувате за да не се појавуваат веќе тие промени и да се врати рамнотежата на кожата.

Почитувани, Моето име е М. А. Би сакал да прашам едно прашање во врска со габична инфекција на нозете. Габичната инфекција се појавува пределот на петата и внатрешноста на стапалото, во форма на задебелено тврдо ткиво, кое најпрво се стврдува, а потоа се создаваат пункатини кои создаваат голема болка при одење, па понекогаш дури и крварење. Навечер нозете ги потопуваме во вода со сол и сода, и дел од тврдото ткиво се отстранува. Исто така користиме и креми за да омекне кожата. Но процесот е репетитивен и повторно се појавува за кратко време. Ве молам доколку може да ни дадете совет, упатства и да ни помогнете. Би можеле да Ви испратиме слики од заболеното место, за да биде појасен проблемот. Благодарам однапред. Со почит,

  • Треба да дојдете да Ве прегледаме затоа што може да е, но и да не е габична инфекција. Кога ќе дојдете ќе земеме брис, за да докажеме што е проблемот. Истовремено ќе Ви препишеме соодветна терапија и нега со која нема или поретно ќе се јавува истиот проблем.