You are currently viewing ВИВИДЕРМ – Отстранување на АТЕРОМ

ВИВИДЕРМ – Отстранување на АТЕРОМ

Атеромите или епидермалните цисти настануваат поради запушување на канали од лојните жлезди, како и поради оток на фоликулите од влакната.

Со цел да се постигнат долготрајни резултати, се советува комплетно отстранување на лојната жлезда заедно со капсулата.

Како да се препознае атером?

Во повеќето случаи, се забележува еластично грутче под кожата кое се движи под притисок и расте со тек на годините. Кожата во област на атеромот е мазна, без влакна и често пати се гледаат зголемени капилари.

Атеромите најчесто се појавуваат на лицето, главата (скалпот), градите, во предел на гениталиите, вратот и грбот, но исто така може да се појават на кое и да било друго место од телото освен дланките и табаните.

Непријатниот мирис на израстокот го предизвикува кератинот, протеин што го создаваат лојните жлезди. Едно лице може со години да има атером кој варира во големина од зрно грашок до јајце од кокошка.

Кои лица се склони да развијат атером?

Атеромот најчесто се појавува по пубертет, поретко кај жени, така што е поврзан со машкиот хормон – тестостерон. Кај жени, најчесто се забележува на главата (скалпот).

Епидермалните цисти се почести кај лица кои интензивно се сончаат, како и кај оние кои имале акни за време на адолесценција.

Како се дијагностицира атером?

Клиничкото испитување е вообичаено доволно да се одреди дали кожната промена е атером. Понекогаш, може да има потреба од дополнителна дермоскопија да се одреди дали е липом, фибролипом или неурофибром.

Зошто да се отстрануваат атеромите?

Постојат неколку причини зошто пациентите доаѓаат во Вивидерм за отстранување на епидермалните цисти:

  • естетски
  • практични (ако атеромот е на место каде постојано пречи)
  • ако забележат дека ненадејно расте
  • физичка повреда на атеромот и
  • инфекција

Ако атеромот почне да расте, тоа значи дека е вистинско време да се отстрани како би се избегнала повреда или воспаление, што би значело посложен третман.

Може ли да се спречат атеромите?

За жал, не постои начин како да се спречи создавањето на епидермални цисти. Советот на Вивидерм е да се користат не-комедогени производи за нега на кожата, како би се избегнало запушувањето на лојните жлезди.

Резултат по прва контрола