You are currently viewing БАЗОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМ (БАЗАЛИОМ) – BCC

БАЗОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМ (БАЗАЛИОМ) – BCC

НАЈВАЖНО

Малигните едидермални тумори на кожата се чести и се делат на:

• базоцелуларен и
• планоцелуларен карцином.

ПРЕВЕНЦИЈА

Превенцијата вклучува избегнување на изложување на сонце, користење заштита од сонце со SPF фактор 50+, заштитна облека и шапка со широк обод (шешир). Перорален никотинамид (витамин Б3) во дози од 500 mg 2 пати на ден може да го намали бројот и тежината на BCC.

БАЗОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМ (БАЗАЛИОМ) – BCC

Базоцелуларниот карцином (BCC) е најчестиот облик на кожен канцер исто така познат и како не-меланомски канцер. Почесто се забележува кај лица со посветол тен. Малигната природа на BCC се однесува на фактот дека тој продолжува да расте и да пенетрира во подлабоките ткива, односно е локално инвазивен. Од друга страна, BCC не метастазира.

Фактори на ризик

Генетската предиспозиција и експозицијата на сонце играат улога во развојот на BCC.

Дијагноза

Постојат неколку хистолошки поттипови на BCC:

• Нодуларен;
• Површен;
• Пигментен и
• Склеротизирачки тип.

Доколку не се третира BCC продолжува пополека да расте во тек на месеци и години. Брзината на растење покажува варијации помеѓу случаите. Многу агресивните и брзо растечките типови најчесто можат да бидат видени кај имуносупримирани пациенти.

Третман

Првата линија на третман е хируршка ексцизија. Лицевиот нодуларен и склеротизирачки тип најчесто се оперираат со специјалистичка установа. Промената се екстрипира под локална анестезија со 3-5 мм маргина на здраво ткиво. Доколку е потребна реконструкција, тоа може да се направи со кожен флап или слободен кожен графт. Целта е да се отстранат сите туморски клетки од кожата со земање на доволно голема маргина која се проширува во здравото ткиво.

Следење

Докторот кој го третирал пациентот ќе одлучи за честотата со која ќе го следи пациентот. Малите тумори во безбедни зони на кожата можат да бидат екцизирани во здравени установи каде што може да биде спроведено годишно следење за време од 2-3 години. Околу 50% од лицата со BCC може да развијат втор во рок од 3 години по отстранување на првиот.