You are currently viewing РАДИОФРЕКВЕТНА (РФ) ДЕРМОХИРУРГИЈА

РАДИОФРЕКВЕТНА (РФ) ДЕРМОХИРУРГИЈА

Прецизна и безболна дермохирургија за отстранување бемки, кондиломи, папиломи и повеќе од 50 други најразлични видови кожни израстоци.✨

💢Правилно отстранување, без лузни и несакани ефекти.💢

Оваа процедура е посебно на цена поради краткото време потребно за заздравување откако ќе се изврши зафатот.

Естетски најдобри резултати се постигнуваат преку комбиниран третман, кој покрај радиофреквентна дермохирургија опфаќа и примена на аблативен или неаблативен ласер, ботокс или филери, со што се постигнува максимален ефект за најкратко можно време.

Радиофреквентна дермохирургија: пред и потоа

По отстранувањето на кожната промена треба да следи земање биопсија и хистопатолошка анализа на ткивото!

Радиофреквенцијата (РФ) предизвикува топлотно уништување на целното ткиво преку електрична енергија со висока фреквенција. Врвот на електродата воопшто не се загрева, така што нема речиси никакво оштетување на околните ткива, што дава естетски одлични резултати и го скратува времето потребно за заздравување по зафатот. Освен тоа, врвот на електродата е многу мал и затоа можноста за несакани ефекти е многу мала.

РФ исто така е позната и како студена аблација (“cold ablation” или “coblation”.)

Радиофреквентна дермохирургија: пред и потоа

РФ има 3 главни начини на работа: 1. Сечење; 2. Сечење и коагулација и 3. Коагулација. Со овие начини можат да се изведат повеќе дерматохируршки зафати, како што се инцизија, аблација, фулгурација, shave екцизија и коагулација. Поради можноста за коагулација, лесно се постигнува хемостаза (сопирање на евентуалното крварење) и операцијата е брза и релативно едноставна.

Индикации: Ефикасен третман за најразлични кожни промени, како што се dermatosis papulosa nigra, брадавици, molluscum contagiosum, колоидна milia, стекнати junctional, комбинирани и дермални меланоцитни бемки, себороична кератоза, granuloma pyogenicum, верукозни епидермални бемки, xanthelesma, rhinophyma, површен базално-клеточен карцином и телеангиектазии.

Анестезија: Процедурата се изведува или со површински локални анестетици или со класична локална анестезија, со сите мерки за претпаливост и асепса.

Процедура: За време на операцијата, само врвот од електродата доаѓа во контакт со ткивото. Контактот на електродата со ткивото е многу краток, со цел да се спречи оштетување на подлабоките ткива. Затоа електродата се движи брзо.

Компликации: Воопшто не се вообичаени и зависат речиси исклучиво од вештината на дерматовенерологот оператор. Докторот претходно треба да го информира пациентот за контраиндикациите на процедурата.

Простории: Процедурата може безбедно да се изведе во мала асептична сала.

Направете дермоскопски преглед на сомнителните бемки пред да се одлучите за радиофреквентна дермохирургија!

Дермоскопија е безболна техника која се користи за испитување на пигментирани кожни промени и оштетувања; како и да е, може да се користи за следење и проценка и на промените кои не содржат, или содржат сосем малку пигмент.

Дермоскопијата се изведува со рачен инструмент наречен дерматоскоп. Процедурата е едноставна и сосем безболна, а му овозможува на специјалистот дерматовенеролог да ги визуелизира деловите од кожата кои се наоѓаат под површината, како што се епидермисот, дермоепидермалниот премин и горниот дел од дермисот. Овие структури вообичаено не се видливи со голо око.

Дермоскопските слики може да се фотографираат или дигитално да се снимаат за последователна анализа и контрола.

Web:

www.vividerm.mk

Телефони за дополнителни информации и закажување:

+ 389 2 30 99 363

+ 389 70 233 235