Вивидерм Ви нуди специјалистички прегледи и дијагностика на сите кожни заболувања, лекување на акни и отстранување на кожни израстоци:

Лекување на акни

Акните се хронична воспалителна болест што зависи од генетиката, исхрана, стресот и хормонално пореметување. Акните го нарушуваат естетскиот изглед и на многумина им наметнуваат психичко оптоварување, затворање во себе, асоцијално однесување и можна депресивност. Затоа да не се влоши ситуацијата, се препорачува тие да не се третираат на своја рака, туку тоа да го оставите на искусен тим од дерматолози. Еден од третманите што се употребува против акните е хемискиот пилинг што преставува медицински третман со кој се подобрува изгледот и текстурата на кожата, се третираат лузни и акни како и други оштетувања на кожата.

Криотерапија

Криотерапија се базира на ладење на кожното ткиво на ниска температура. Оваа терапија помага при бројни индикации што се појавуват на кожата, а доста е успешна и при третирање на целулит и отстранување на масните наслаги во телото. После само 2-3 третмани со криотерапија, кожата се прочистува и изгледа многу поубаво и помладо од претходно, а расположението се подобрува и сонот се нормализира.

Третман и дијагностика на проширени вени и капилари

Вивидерм Ви нуди дијагностика и професионален третман на проширени вени и капилари. Иако на почеток, вените кои се наѕираат на површината на кожата се само обичен козметски проблем, тие подоцна можат да стануваат многу сериозен медицински проблем. Со професионалниот третман во Вивидерм ќе може да си помогнете во победување и отстранување на овој проблем, но сепак за посакувани резултати и целосен ефект, се потребни повеќе третмани, чии број сепак зависи од бојата, големината и бројот на крвните садови што треба да се лекуваат.

Третман и дијагностика против опаѓање на коса и брада

Вивидерм Ви нуди третман и дијагностика против опаѓање на коса и брада. Губењето на косата е еден од најсериозните проблеми што подеднакво ги зафаќа машкиот и женскиот пол. За враќање на самодовербата преку враќање на изгубените влакна Ви нудиме професионелн третман против опаѓање на коса. Во низата третмани спаѓа и ПРП третманот што е познат како најефикасната и најдобрата метода за подмладување и враќање на изгубената коса.

Третман и дијагностика на габични заболувања

Кожата лесно се раздразува, а со тоа е изложена на инфекции што можат да предизвикаат габични заболувања. Постои голем број на габични заболувања во различни делови од телото. За секое габично заболување што го имате на било кој дел од Вашето тело, во Вивидерм има професионални третмани за габични заболувања што ќе Ви помогнат во справување со тој кожен проблем.

Биопсија на кожа

Вивидерм прави биопсијата на кожа што преставува земање мал примерок од ткиво кое ќе се анализира под микроскоп за да се утври и конечно да се дијагностицира за каква иритација или кожно заболување станува збор.